Им нема рамни – Унгарија освои злато и на младинското и на кадетското ЕП!

Женската кадетска репрезентација на Унгарија во финалето од Европското првенство кое се одржа во Подгорица беше подобра од Германија со резултат 25:19.

Унгарките до златниот медал стигнаа со одлична игра во вториот дел, откако на полувреме резултатот беше два разлика во нивна корист, 12:10.

Третото место, односно бронзениот медал им припадна на репрезентативките на Русија кои забележаа убедлив триумф над Данска со седум разлика 37:30. На полувреме, Русија имаше предност од еден гол разлика, 17:16.

Црна Гора како домаќин одигра под своите очекувања и мораше да се задоволи со осмото место.

Претходно Унгарија стана шампион и на младинското Европско првенство што се одржа во Словенија.

Конечен пласман:

  1. Унгарија
  2. Германија
  3. Русија
  4. Данска
  5. Хрватска
  6. Норвешка
  7. Романија
  8. Црна Гора
  9. Швајцарија
  10. Португалија
  11. Франција
  12. Шведска
  13. Чешка
  14. Австрија
  15. Словачка
  16. Словенија