ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа деветтото коло од машката Суперлига?

Бојан Спасовски - десно крило - Бутел Скопје
40.01%
Хари Павлов - десен бек - Прилеп
36.69%
Страхиња Симиќ - среден бек - Тиквеш
8.88%
Благојче Трајкоски - голман - Еурофарм Пелистер 2
5.89%
Павле Атанасијевиќ - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
5.84%
Михаил Аларов - пивот - Пролет
1.57%
Бојан Маџовски - лево крило - Еурофарм Пелистер
1.14%

РЕЗУЛТАТИ ДО 9. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

МЕТАЛУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25:38 – ИЗВЕШТАЈ

ПРОЛЕТ – ОХРИД       25:24 – ИЗВЕШТАЈ

ПРИЛЕП – РАДОВИШ 35:28 – ИЗВЕШТАЈ

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СКОПЈЕ       28:14 – ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР   27:26 – ИЗВЕШТАЈ

ГРК ТИКВЕШ – СТРУГА           28:25 – ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕР МАШКА ЛИГА

ГОЛМАН: Благојче Трајкоски (Еурофарм Пелистер 2) – Голманот на вториот тим од Битола имаше одлична партија против Вардар. Со своите интервенции многу помогна во победата, а воедно и придонесе за големиот триумф.

ЛЕВО КРИЛО: Бојан Маџовски (Еурофарм Пелистер) – Еден од оние кои одиграа стандардно и против Металург. Беше и меѓу најефикасните со пет погодоци.

ЛЕВ БЕК: Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Блескаше на теренот против искусните ривали. Постигна шест гола и беше вистински лидер во играта на Еурофарм Пелистер во големата победа над Вардар.

СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Уште еден добар натпревар за него. Деветпати погоди во голот на Струга, а беше еден од играчите кои го водеа Тиквеш до нова победа за чекор напред кон место во плеј-офот.

ДЕСЕН БЕК: Хари Павлов (Прилеп) – Десетпати го погоди голот на Радовиш. Погодуваше и од седум метри и од игра, а беше речиси без грешка во новата победа на прилепчани.

ДЕСНО КРИЛО: Бојан Спасовски (Бутел Скопје) – Стандерден во новата победа на Бутел Скопје. Беше и прв стрелец на средбата со седум гола.

ПИВОТ: Михаил Аларов (Пролет) – Уште еден добар натпревар во одбрана каде што имаше придонес за новата победа. Во нападот стандарден. Заврши со три гола против Охрид.