Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 6. коло од плеј-оф/аут.
Ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 26-32 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ВАРДАР 21-28 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 28-19 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ – СТРУГА 27-27 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 21-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Градмир Чаневски (Бутел Скопје) – голманот на бутелци успеа да одбрани 15 удари на ривалите од Битола.
Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – левото крило го даде својот вообичаен придонес во триумфот на избраниците на Кристијан Грчевски.
Лев бек: Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер) – хрватскиот интернационалец ги намести нишаните пред мечот со Вардар и му даде девет гола на Тиквеш.
Среден бек: Марко Митев (Бутел Скопје) – репрезентативецот беше меѓу најзаслужните за победата над Еурофарм Пелистер 2 со седум гола.
Десен бек: Куни Моралес (Вардар) – кубанскиот интернационалец ја продолжува одличната форма од стартот на сезона, даде седум гола против Охрид.
Десно крило: Јосип Божиќ Павлетиќ (Еурофарм Пелистер) – хрватското десно крило постигна дури 13 погодоци на гостувањето во Кавадарци.
Пивот: Михаил Аларов (Пролет) – по камбекот по повредата, младиот ракометар покажа против Радовиш дека е важна алка од играта на Пролет.