Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да гласате до сабота до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 21. КОЛО
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23:28 – ИЗВЕШТАЈ
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАДОВИШ 35:23 – ИЗВЕШТАЈ
СТРУГА – СКОПЈЕ 2020 35:24 – ИЗВЕШТАЈ
ПРИЛЕП – ОХРИД 21:30 – ИЗВЕШТАЈ
ГРК ТИКВЕШ – ВАРДАР 25:30 – ИЗВЕШТАЈ
МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 0:10 сл.
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 21. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)
ГОЛМАН: Василије Печурица (Струга) – Новиот голман на стружани имаше одличен ден против Скопје. Со 18 одбрани доминираше на теренот во новата победа.
ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Вардарци немаа проблеми за да дојдат до победата на средбата против Тиквеш. Во оваа победа Дибиров беше најефикасен со седум погодоци.
ЛЕВ БЕК: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) – Младиот ракометар на Еурофарм Пелистер 2 имаше добар ден на средбата против Радовиш. Тој беше прв стрелец со шест гола.
СРЕДЕН БЕК: Стефан Додиќ (Охрид) – Во својот последен натпревар во дресот на Охрид постигна осум гола и го предводеше својот тим до победа за пласман во плеј-оф.
ДЕСЕН БЕК: Давид Савревски (Вардар) – Младиот ракометар на Вардар одработи добар натпревар и притоа успеа да реализира четирипати против тимот на Тиквеш.
ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Екипата на Еурофарм Пелистер немаше проблеми за да стигне до победа против Пролет, а Ненад Костески имаше одлична партија на гостувањето постигнувајќи шест гола.
ПИВОТ: Васко Димитровски (Еурофарм Пелистер 2) – Вториот тим на битолчани продолжува со трката за 3. место, а во таа трка беше забележан и триумф против Радовиш при што искусниот пивот постигна четири гола.