Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари. Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да гласате до недела до 14 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 19. КОЛО
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА 32:26 – ИЗВЕШТАЈ
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21:23 – ИЗВЕШТАЈ
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 30:23 – ИЗВЕШТАЈ
ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 2020 31:24 – ИЗВЕШТАЈ
ПРИЛЕП – ВАРДАР 20:34 – ИЗВЕШТАЈ
МЕТАЛУРГ – ОХРИД ОДЛОЖЕНО
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 19. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)
ГОЛМАН: Васил Гогов (Вардар) – Бранеше во добро издание на дуелот против Прилеп и имаше забележителна партија во текот на сите 60 минути.
ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Пролет) – На средбата против тимот на Радовиш беше убедливо најефикасниот. Натпреварот го заврши со осум гола.
ЛЕВ БЕК: Павле Атансијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Одигра одлична средба во која беше меѓу поефикасните против Струга. Беше стрелец на шест гола до 40. минута од натпреварот.
СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) – Заедно со Табоада беа најдобрите во победата против Бутел Скопје. Тој беше најефикасниот во триумфот против Бутел, а реализираше седумпати.
ДЕСЕН БЕК: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – И тој како Атанасијевиќ имаше добар натпревар и сите голови ги постигна до 40. минута од средбата. Заврши со пет гола.
ДЕСНО КРИЛО: Мартин Димов (Пролет) – Постигна четири гола во победата против тимот на Радовиш. Имаше забележителна партија особено во првото полувреме.
ПИВОТ: Стефан Атанасовски (Вардар) – Доби можност за убава минутажа на гостувањето во Прилеп и ја искористи на најдобар можен начин. Постигна четири гола во победата на Вардар.