ИДЕАЛЕН ТИМ НА 18. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.

Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа осумнаесеттото коло од машката Суперлига?

Дарко Кондев - лево крило - Тиквеш
58.08%
Жарко Бајрактаревиќ - десен бек - Струга
35.68%
Јагош Брауновиќ - голман - Охрид
3.64%
Дејан Кукуловски - лев бек - Еурофарм Пелистер
1.01%
Мице Шилегов - десно крило - Охрид
0.70%
Анте Гаџа - среден бек - Вардар
0.52%
Никола Стефановиќ - пивот - Тиквеш
0.37%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 18. КОЛО

СКОПЈЕ 2020 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 17:32 ИЗВЕШТАЈ

СТРУГА – ПРИЛЕП 22:21 ИЗВЕШТАЈ

ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2     24:22 – ИЗВЕШТАЈ

ВАРДАР – ПРОЛЕТ 34:22 – ИЗВЕШТАЈ

ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ  26:25 – ИЗВЕШТАЈ

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ   ОДЛОЖЕНО

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 18. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Јагош Брауновиќ (Охрид) – Тој беше еден од подобрите на теренот во победата над Бутел Скопје. Во клучните моменти одбрани далеку најдобро.

ЛЕВО КРИЛО: Дарко Кондев (Тиквеш) – Имаше една од подобрите средби сезонава. Беше и најефикасен во победата против Еурофарм Пелистер 2 со шест гола.

ЛЕВ БЕК: Дејан Кукуловски (Еурофарм Пелистер) – На гостувањето во Скопје тимот на Еурофарм Пелистер имаше одлично второ полувреме во кое доминираше на теренот. Кукуловски одигра добра средба, а заврши со три гола.

СРЕДЕН БЕК: Анте Гаџа (Вардар) – Одигра стандардно во текот на целата средба. Добро водеше, а постигна и четири гола.

ДЕСЕН БЕК: Жарко Бајрактаревиќ (Струга) – Стружани одиграа добра средба и дојдоа до победа против составот на Прилеп. Тој имаше одличен ден, а натпреварот го заврши со шест гола.

ДЕСНО КРИЛО: Мице Шилегов (Охрид) – Со осум гола беше најефикасниот во редовите на охриѓани и беше играч кој знаеше како да донесе разлика во второто полувреме.

ПИВОТ: Никола Стефановиќ (Тиквеш) – Има важна улога во играта на кавадарчани и во напад и во одбрана. Против младите битолчани го покажа тоа, а постигна два гола.