ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Со натпреварите од 14. коло финишираше есенскиот дел од сезоната во Супер машката лига. Беа одиграни уште пет интересни средби на кои фаворитите дојдоа до нови победи така што немаше проблеми за ниту еден од тимовите кои пред дуелите важеа како фаворити на хартија.

Металург кој е лидер го надигра Работнички, дома славеше и Охрид против Вардар јуниор, а пред своја публика победи и Пролет против тимот на Пелистер. На гостување славеа Бутел Скопје против Струга и Радовиш против екипата на Металург 2.

Со ова стартува паузата, па ова е последното гласање за играч на коло во 2019 година.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: СЛАВЈАН ПАУНОВ (РАДОВИШ)

Ветеранот на голот на Радовиш и понатаму брани во одлична форма. Тој беше еден од играчите кои придонесоа Радовиш рано да го реши натпреварот против Металург 2 во „Автокоманда“ и го заслужи местото во тимот на колото.

ЛЕВО КРИЛО: ДАРКО КОНДЕВ (МЕТАЛУРГ)

Влезе на средина од првото полувреме и покажа дека може да биде уште подобар. Постигна 12 гола со кои беше најефикасен и беше без грешка така што ова му беше најдобрата партија во дресот на првиот тим Металург.

ЛЕВ БЕК: МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ (МЕТАЛУРГ)

Репрезентативецот на Македонија доби шанса за да настапи против Работнички и одигра на добро ниво и во напад и во одбрана. Имаше четири гола, но имаше многу поголема улога во одбраната.

СРЕДЕН БЕК: ЛАСКО АНДОНОВСКИ (ПРОЛЕТ)

Организаторот на играта на Пролет, Ласко Андоновски имаше една од подобрите партии во оваа сезона. Одлично го предводеше нападот и беше еден од клучните ракометари во победата над Пелистер постигнувајќи и осум гола.

ДЕСЕН БЕК: ДЕНИС ТОТ (ОХРИД)

Охриѓани одиграа добар дуел против Вардар јуниор, а сите кои се најдоа на терен дадоа добар придонес за победата. Со својата игра Тот докажува дека е добро засилување за Охрид, а на овој меч постигна четири гола.

ДЕСНО КРИЛО: МАРТИН ДИМОВ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Доби шанса во Струга и ја искористи. Одигра добра средба и беше втор стрелец во екипата на Бутел Скопје. Ова му беше еден од подобрите натпревари сезонава, а овој дуел го заврши со шест постигнати голови.

ПИВОТ: МИХАИЛ АЛАРОВ (ПРОЛЕТ)

Пролет имаше добра завршница на есенскиот дел на свој терен, а пивотот Михаил Аларов одигра на ниво. Имаше добра придонес за тимот во одбраната, а во нападот успеа петпати да ја затресе мрежата на битолчани.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО

СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ              25:31 (ИЗВЕШТАЈ)

Кузманоски 9, Крстаноски 6, Симоноски 5 – Божиноски 8, Димов 6, Трајковски 5

МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ       51:23 (ИЗВЕШТАЈ)

Кондев 12, Вујовиќ 8, Шилегов 6 – Палевски 10, Михајловиќ 6, Темелкоски 3

МЕТАЛУРГ 2 – РАДОВИШ        27:32 (ИЗВЕШТАЈ)

Михајлов 8, Ристовски 4, Митиќ 4 – Илиев 10, Стојановски 6, Долдуров 4

ОХРИД – ВАРДАР ЈУНИОР        33:18 (ИЗВЕШТАЈ)

Андоноски 5, Блажески 5, Иваноски 5 – Карапалевски 6, Јакимовски 4, Чакалиќ 2

ПРОЛЕТ 62 – ПЕЛИСТЕР           36:26 (ИЗВЕШТАЈ)

Андоновски 8, Џонов 6, Аларов 5 – Петровски 6, Трајковски 5, Митревски 3

СЛЕДНО, 15. КОЛО (НАПРОЛЕТ)

СТРУГА – МЕТАЛУРГ

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД

РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 62

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ 2

ТАБЕЛА: 1. Металург 38 бода (486:350); 2. Охрид 37 (404:313); 3. Бутел Скопје 31 (379:340); 4. Пролет 29 (440:371); 5. Радовиш 22 (412:408); 6. Вардар јуниор 18 (385:417); 7. Пелистер 14 (358:379); 8. Металург II 7 (397:473); 8. Работнички 4 (399:504); 10. Струга 4 (323:428).

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ТОП 5

157 – Давор Палевски (Работнички)

128 – Ивица Илиев (Радовиш)

91 – Иван Џонов (Пролет 62)

81 – Бобан Блажески (Охрид)

76 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

76 – Филип Николов (Радовиш)