Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.
Сезоната е веќе е во финишот на битките за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 14 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО
СТРУГА – ВАРДАР 22:32 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 24:21 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 34:24 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ 62 26:26 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО
ПРИЛЕП – АСТРАИОН 34:22 (ИЗВЕШТАЈ)
КЛ 7 – ГРК ТИКВЕШ 29:28 (ИЗВЕШТАЈ)
РАБОТНИЧКИ – МЛАДОСТ 30:24 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА 30:23 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО
ГОЛМАН: Карим Хендави (Еурофарм Пелистер) – На средбата против Металург, голманот од Египет повторно имаше одличен ден и придонес во новата победа.
ЛЕВО КРИЛО: Димитар Димитриоски (Вардар) – Го наполни голот на Струга на гостувањето. Погоди дури 11 пати во голот на противникот.
ЛЕВ БЕК: Јовица Младеновски (Бутел Скопје) – На дербито против Пролет одигра добар натпревар. Беше меѓу поефикасните во ремито и постигна пет гола.
СРЕДЕН БЕК: Жарко Пејовиќ (Пролет) – Беше најефикасен во редовите на Пролет. Реализираше шестпати и имаше голема улога во обезбедувањето на реми.
ДЕСЕН БЕК: Мартин Димовски (КЛ 7) – Тимот на КЛ 7 победи против ГРК Тиквеш, а Димовски имаше ефикасен натпревар. Со седум гола беше прв стрелец.
ДЕСНО КРИЛО: Милан Ѓукиќ (Еурофарм Пелистер) – Одработи добра средба после подолго време. Имаше пет гола против тимот на Металург.
ПИВОТ: Патрик Валчак (Вардар) – Ракометарот од Полска одигра еден од подобрите натпревари во првенството сезонава. Тој погоди петпати на гостувањето во Струга.