Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната. На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ако се суди според стартот и натпреварите од првото коло, тогаш не очекува сезона исполнета со возбудливи и интересни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 1 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Со оглед дека имаше едне заостанат натпревар од првото коло, и тоа дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, откако заврши и тоа ви даваме можност за гласање на играчот на колото.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Вардар, како и по еден од Тиквеш, Голден Арт, Охрид, Аеродром и Прилеп.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 1. коло, резултати:
Група А
Скопје – Алкалоид 21:40 (ИЗВЕШТАЈ)
Струга – Охрид 17:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Аеродром 32:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 28:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Група Б
Пролет – Вардар Неготино 35:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Мулти Есенс – Голден Арт 25:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Прилеп – Бутел Скопје 28:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Еурофарм Пелистер 30:25 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Мартин Томовски (Вардар) – Голманот на „црвено-црните“ имаше 14 одбрани против пелистерци и беше меѓу најзаслужните за победата.
Лево крило: Мирко Мајиќ (Тиквеш) – Новиот член на кавадаречкиот тим со седум гола беше предводник во триумфот над Еурофарм Пелистер 2.
Лев бек: Матија Николиќ (Вардар) – Српскиот интернационалец одигра на ниво во дербито со Еурофарм Пелистер.
Среден бек: Марио Миланов (Голден Арт) – Организаторот на играта има големи заслуги за стартната победа на гости кај Мулти Есенс.
Десен бек: Деан Шешиќ (Охрид) – Босанскиот десен бек беше предводник на Охрид со осум гола во победата во градското дерби.
Десно крило: Наум Костов (Аеродром) – Охриѓанецот го водеше Аеродром во премиерниот суперлигашки триумф кај Куманово.
Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Најновото засилување на амбициозните прилепчани имаше големи заслуги за трите бода и пресвртот против Бутел Скопје.