Двајцата македонски дебитанти на СП 2023, Давид Савревски и Иван Џонов во пролетниот дел од сезоната ќе бидат дел од РК Алкалоид. Според информациите на 24Ракомет, управата на новиот суперлигаш предводен од селекторот Кирил Лазаров прави напори двата играчи да ги донесе уште во јануари во Автокоманда, со што во пролетниот дел од сезоната ќе бидат заслување во плеј-офот.
Според информациите од Полска, двајцата ракометари се согласиле уште сега да ја смената клупската средина, но останува тоа да се договори и на клупско ниво. Савревски во Вардар ќе треба да биде замена за Куни Моралес и Томислав Јагурниновски, и веројатно малку ќе игра. Иван Џонов во Пролет е еден од носителите, но скопскиот тим откако ги „продаде“ Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов, покажува дека веројатно во плејофот нема да има големи амбиции, бидејќи целта е веќе исполнета да се биде во Топ 8.
Иако клубот и играчите не потврдија, и Савревски и Џонов се договорени од следната сезона да го облечат дресот на Алкалоид. Но, сега ситуацијата се менува па Лазаров сака што побрзо двајцата да влезат во ритамот на клубот и да се подготват подобро. Така Лазаров ќе има повеќе играчи за ротација, и секако двајца нови репрезентативци.
На „Купот на претседателот“ на СП, двајцата играчи добиваат поголема минутажа како дел од најавата на селекторот дека токму помладите ќе добијат шанса за воигрување.
Македонија разигрува за пласман во долниот дел од табелата на СП, а по поразот од Тунис нема да има можност да се надева на освојување на „утешниот пехар“.