Загреб ќе биде полуфинална пречка за Вардар во Задар!

Ракометарите на Вардар по деветти пат обезбедија место на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, кој ова година ќе го има деветто издание.

Иако беа пред висок пораз, сепак вардарци покажаа карактер во самиот финиш и загубија со еден гол од Нексе, 25-26, пораз кој ги носи на Ф4 во Задар.

Поради гол повеќе на гости во првиот меч, кога Вардар славеше со 31-30, македонскиот и петкратен регионален првак ќе има шанса да ја брани титулата.

Завршниот турнир се игра од 4 до 6 септември во Задар, а ривал на вардарци во полуфиналето ќе биде составот на Загреб. Во другото полуфинале ќе играат Веспрем и Мешков Брест.