Хрватскиот шампион Загреб полека го комплетира тимот за следната натпреварувачка сезона. По ангажирањето на екс ракометарот на Вардар, Вуко Борозан, раководството на клубот промовираше ново засилување.
Станува збор за младиот и перспективен ракометар, Тим Томљановиќ, кој има само 21 година и игра на позиција среден бек. Новиот ракометар во редовите на „плинарите“ за место ќе се бори со Алекс Кавчиќ и со Карпо Сиротиќ.
Томљановиќ во редовите на Загреб ќе пристигне од екипата на Умаг, која не успеа да обезбеди влез во хрватската елита. Младиот ракометар најголемиот дел од својата кариера го мина во екипата на Замет, таму настапуваше пет сезони, додека своите ракометни почетоци ги имаше во Сењ.
Загреб планира уште неколку засилувања до стартот на сезоната. Според босанските медиуми, пред потпис со хрватскиот шампион е репрезентативецот на БиХ и актуелен член на Извиѓач, Милош Кос. Филип Ивиќ, Давид Мандиќ, Валентино Равниќ и Фабијан Грубишиќ официјално си заминаа од хрватскиот гигант.