Заврши љубовта меѓу Расмусен и Јужна Кореја

Поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Ким Расмусен, кој во поранешниот македонски шампион имаше краток ангажман, нема повеќе да биде селектор на женската сениорска репрезентација на Јужна Кореја.

Данецот беше прв странски селектор во азиската земја, но искусниот стратег и челниците на федерацијата на Јужна Кореја не постигнале договор за продолжување на соработката.

Расмусен откако ја презеде селекцијата на Јужна Кореа заедно со своите довчерашни избранички оствари 16 победи на исто толку натпревари и станаа шампиони на Азија.

Екс тренерот на Вардар преку социјалните мрежи истакна дека е многу тешко да се работи во земја со друга култура.

50-годишниот тренер на клупата на „црвено црните“ мина краток период. По заминувањето од Скопје го презеде ЧСМ Букурешт и успеа со романскиот тим да ја освои Лигата на шампионите во 2016 година. Минатата сезона доби отказ од Глорија Бистрица, поради лошите резултати во шампионатот на Романија.

На репрезентативно ниво, освен на Јужна Кореја, беше селектор и на Црна Гора, Романија и Полска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Rasmussen (@kimras72)