Европската ракометна федерација ги потврди шеширите пред ждрепката за баражот за Светското првенство во 2023 година што ќе биде во Скандинавија.
Европа ќе има 16 претставници на Мундијалот што ќе се игра во декември следната година во Данска, Шведска и Норвешка.
Со оглед на тоа што трите најдобри на ова ЕП 2022 (со ислучок на домаќините) обезбедуваат директен пласман, значи дека мундијалски билет веќе имаат Франција, Црна Гора и Холандија.
Останатите десет места ќе бидат пополнети преку бараж средбите, од кои дел ќе биде и Македонија. Нашата репрезентација заедно со сите други што завршија од 7 до 16 место на ЕП ќе биде дел од првиот шешир.
Денеска во „Стожице Арена“ во Љубљана ќе бидат одиграни мечот за петтото место и двете полуфинални средби, додека в сабота ќе биде ждрепката за бараж средбите за пласман на СП 2023 година.
Квалификации за СП 2023, бараж 2, шешири:
шешир 1: Шпанија, Романија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Германија, Србија, Полска, Македонија, Швајцарија
шешир 2: Чешка, Австрија, Словачка, Украина, Португалија, Косово, Исланд, Италија, Грција, Турција