Ракометарите на Еурофарм во петтиот одигран натпревар сезонава во Лигата на Европа конечно дојдоа до првата победа откако вечерва го совладаа Тримо Требње со 33:26.
Битолчани одиграа натпревар во кој имаа целосна контрола над составот од Словенија кој некаде на срединат на првите 30 минути го загуби чекоро и не можеше повеќе да парира на расположените ракометари на Еурофарм Пелистер.
Гостите имаа водство во првите неколку минути од средбата. Тие го зададоа првиот удар на средбата и имаа водство, но тоа беше минимално. Успеваа да имаат мала предност, но не и да ја задржат, па на играчите на Еурофарм Пелистер не им беше тешко да се изборат за позитивен резултат.
Во завршницата од првото полувреме составот на Еурофарм Пелистер успеа да го зголемува водството, а на одмор замина со плус од шест погодоци, 20:14.
Вториот дел од средбата беше можност да се одигра мирно. Водството кое беше стекнато во првиот период од средбата беше зголемено до осум гола на средината од вториот дел. Битолчани имаа 27:19, а потоа дојде до минимално опуштање и простор за гостите да намалат.
Еурофарм Пелистер – Тримо Требње
Сепак, до крајот на средбата работите дојдоа на свое место и немаше пропуст во овој дуел. Еурофарм Пелистер одигра сигурно и дојде до убедлива победа со што ги помести работите од мртва точка и тргна во вистински правец. Оваа победа во која сите ракометари беа разиграни е знак дека сè ќе биде далеку подобро така што ова може да биде само стимул за натпреварите кои ќе следуваат во следните месеци.
Секако и прикажаната игра, залагањето и мотивот со кој се играше во сите 60 минути може да радува бидејќи впечатокот е тотално позитивен од овој дуел.
Еурофарм Пелистер одново со добро прво полувреме, има плус шест на одмор (ФОТОГАЛЕРИЈА)
„Топот“ на Хрватот функционира – Мандалиниќ го наполни голот на Тримо (ВИДЕО)
Атракција во Битола – Радовиќ и Периќ со цепелин го „поздравија“ Тримо (ВИДЕО)
Победничка вечер во Битола и слатка одмазда на Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Словенците признаа: Немавме никакви шанси да победиме во Битола