Составот на Еурофарм Пелистер очекувано дојде до победа на гостувањето во Прилеп со 41:24 откако во текот на целиот натпревар беше во предност и во ниту еден момент немаше неизвесност и прашање кој ќе ги освои бодовите.
Од почетокот на средбата беше наметнато силно темпо. Гостите од Битола поведоа со 4:0 и овие четири гола им овозможија мирно да го продолжат натпреварот. Водството постојано се зголемуваше, а нападите се реализираа лесно. Домашните се обидоа да се спротистават колку можат повеќе, но немаа сили за да се доближат на уште некој погодок.
Контролата беше на страната на гостите кои на полувреме имаа 22:12 така што остана прашањето како натпреварот ќе продолжи и колку ќе биде голема разликата на крајот.
До последните моменти Прилеп се обидуваше да намали, но Еурофарм Пелистер веќе имаше големо водство така што прашањето беше колку ќе биде голема разликата на крајот од средбата.
Финишот беше со 41:24 така што плус 17 од овој дуел беа загревање за новата средба од Лигата на Европа во вторник кога во Битола гостува екипата на Татабања. Прилеп, пак, првата победа во Универзалната сала ќе ја бара на некоја од следните средби.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА