Еурофам Пелистер потврди: Немања Обрадовиќ потпиша на една година

Екипата на Еурофарм Пелистер ги потврди најавите на 24Ракомет и го објави трансферот на бекот од Србија кој настапуваше за ППД Загреб, Немања Обрадовиќ.

Ракометарот кој пред неколку сезони го носеше дресот на Металург сега доаѓа во Битола и во тимот на Еурофарм Пелистер ќе настапува една сезона. Тој веќе го потпиша договорот така што и официјално е првото засилување за битолчани.

Станува збор за искусен ракометар кој зад себе има натпревари во европските купови така што со себе ќе донесе искуство кое е потребно. Воедно е јасно и дека нема да има проблеми со аклиматизација бидејќи има играно во Македонија, па ќе може без проблеми да се впушти во новиот предизвик.

Обрадовиќ ќе биде само првото засилување за тимот на Еурофарм Пелистер така што наскоро може да се очекуваат уште нови имиња во екипата од Битола.

Битолчани сериозно се засилуваат: Бек од Загреб потпишува за Еурофарм Пелистер