Еден од дебитантите во Супер лигата, Аеродром, со победа го започна настапот во македонската елита, откако на гости во Куманово против истоимената екипа триумфираше со 34:32.
Аеродромци во победата беа предводени од Наум Косстов и Виктор Труфуноски, кои постигнаа по осум погодоци, но и останатите играчи дадоа голем придонес за освоените три бода.
Избраниците на Дарко Петровски победата во Куманово му ја посветија на прерано починатиот другар Андреј Петрески, кој повеќе од десетина години го носеше дресот на новиот суперлигаш.
Левото крило се наоѓаше на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на СП.
View this post on Instagram