Стратегот кој пред неколку години беше кратко време на клупата на женската екипа на Вардар, Ким Расмусен ја дозна казната за коментарите за судењето на Мундијалот во декември.
Покрај тоа што веќе доби отказ од страна на Ракометната федерација на Унгарија тој ќе мора да плати и 4.500 евра бидејќи зборуваше против судењето на средбата против Романија за време на Светското првенство во Јапонија. Покрај тоа доби и казна од забрана за работа во период од два месеци, но со оглед на тоа што овие два месеци веќе поминаа казната му е истечена.
„Ако сакате да видите лошо судење тогаш погледнете го нашиот натпревар против Романија“, беше коментарот на Расмусен за судењето.
Сега откако ја дозна казната вели дека е задоволен што поминал само со парична казна и со суспензија од два месеци.
„Задоволен сум од оваа одлука. Не знаев што да очекувам после суспензијата. Ми падна на ум дури и тоа дека може да добијам доживотна дисквалификација, но добро е што поминав вака“, изјави Расмусен.
Во моментов е без ангажман, но се очекува набрзо да си најде нов клуб или репрезентација така што набрзо сигурно ќе има информација околу идната задача.