Поранешниот голман на неколку македонски екипи меѓу кои Вардар, Пролет и Југ – Ѓокица Стојановски, денеска е човекот за кој пишуваат сите медиуми.
Стојановски ја загубил торбичка со паричник и документи во близна на еден од трговските центри во Скопје. Покрај личните документи и картички имал и голема сума на пари – околу 800 евра.
Чесниот пронаоѓач се вика Насер Харуни, а стана херој откако водејќи се по адресата од личната карта, му ја однел торбичката во домот на Стојановски во населбата Кисела Вода.
Харуни е поранешен боксер, а сега е тренер на македонската репрезентација.