Екипи од Иран сакаат да учествуваат во СЕХА лига

Генералниот директор на Руската ракометна федерација Лев Воронин во разговор за „Матч ТВ“ истакна дека неколку екипи од Иран покажале интерес за учество во регионалната СЕХА лига.

Како што е веќе познато, регионалното натпреварување во оваа сезона за првпат беше поделено на дивизија „Исток“ и дивизија „Запад“ поради конфликтот во Украина, но на крај и во двете дивизии се (ќе) одигра завршен турнир.

,,Има информации дека се преговара со ирански екипи за да се поканат во СЕХА лигата. На ниво на заеднички собири, ова е интересно за нас, како и за нашите колеги од Иран, кои самите предложија да учествуваат и да имаме заеднички кампови и собири”, изјави Воронин.

 

Во текот на утрешниот ден ќе се одигра финалето, како и натпреварот за трето место во дивизија „Исток“.