Бразилскиот интернационалец Леонардо Дутра се приклучи на подготовките на Вардар и веќе тренира со екипата во Скопје.
Тој не замина со репрезентацијата на Бразил на Сп во Полска и Шведска, и затоа веднаш се стави на располагање на тренерот Владо Недановски.
Дутра ќе биде засилувањето за Вардар во пролетниот дел од сезоната, и ќе им помогне на бековите да бидат уште поубоити, а истовремено и во одбрана ќе понуди нова свежина.
Покрај Дутра на тренинзите на Вардар е и Михаил Аларов, кој дојде од екипата на Пролет. Тој првично имаше договор со „црвено-црните“ од јуни, но управите се договорија тој и Томислав Јагуриновски уште сега да дојдат во Вардар.
Неколкумина ракометари на Вардар се на СП во Полска, Талески, Томовски, Георгиевски и Манасков со Македонија, и Чувара со Полска.