По кавадаречки Тиквеш и Прилеп, Вардар Неготино е третиот тим од прволигашите што обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Македонија.
Во полуфиналните двобои од групата 3, Вардар Неготино и Астраион беа убедливи против Куманово и Борец, па според очекувањата се пресметаа во финалето.
Неготинци славеа дури по изведувањето на пенали со 29-28. Струмичани водеа со плус четири во текот на мечот, имаа и предност во последнта минута со 25-26, но Вардар израмни на 26-26 и мечот мораше да се решава со удари од седум метри.
Голманот на домашните Дарко Јефремов беше херојот на натпреварите, бидејќи запре три пенали. Најдбори стрелци беа Иван Митревски со девет голови и Драган Кузманов со осум, додека кај Астраион се истакна Мите Караиванов со десет погодоци.
Резултати, осминафинале Куп на Македонија:
ГРУПА 1
РИНИА М – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КЛ 7 18-36
финале КЛ7- ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
ГРУПА 2
МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ТИКВЕШ 32-48
АЛУШОВСКИ – ПРЕСПА
финале ТИКВЕШ – АЛУШОВСКИ 41-23
ГРУПА 3
БОРЕЦ – АСТРАИОН
ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО 37-28
финале ВАРДАР НЕГОТИНО – АСТРАИОН 29-28
ГРУПА 4
ПАРТИЗАН – ПРИЛЕП 22-28
АЕРОДРОМ – ЈЕХОНА 34-24
финале ПРИЛЕП – АЕРОДРОМ 32-29