Француската ракометарка со хрватскo потекло, Тамара Хорачек, која во минатата сезона потпиша договори со два клуба во исто време – унгарскиот Шиофок и францускиот Мец, заработи нова казна.
Откако ракометниот суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја казни со 3.750 евра и условна суспензија од една година од ракометните терени, на името на Хорачек пристигна нова казна.
Нејзиниот поранешен клуб, Шиофок, поднесе тужба до судот во Капошвар против француската ракометарка и го доби случајот во своја корист.
Хорачек сега според тужбата мора да му плати на унгарскиот клуб казна за тримесечно отсуство, како и да ги надомести правните трошоци. Против судската одлука може да поднесе жалба.
За потсетување, Хорачек додека сѐ уште имаше активен договор со Шиофок, без да добие раскин, го потпишала договорот со Мец, кој требаше да биде активен од сезона 2021/22.
Потпишала договори со два клуба во исто време, ЕХФ ја казни со 3.750 евра!