Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа одличен настап и го совладаа АЕК Атина на гостински терен со 30:27 и му го расипаа перфектниот старт на претставникот на Грција во Лигата на Европа.
Тренерот на АЕК, Димитрис Димитрулијас ја честиташе победа на противникот и истакна дека денеска Еурофарм Пелистер беше подобриот тим.
„Честитки за победата и изданието на Еурофарм Пелистер. Постојано се обидувавме да најдеме нови решенија, но Пелистер имаше одговор за сè. Започнавме со многу грешки, примивме повеќе голови од вообичаено. Честитки на тренерот Бабиќ за добрата игра на неговиот тим, а исто така и на Периќ кој беше фантастичен и немавме решение за неговата игра. Противникот играше разновидно и ја заслужи победата. Горд сум на мојот тим, многу постигнавме и така ќе продолжиме во иднина“, рече Димитрулиас.
После првите три кола Еурофарм Пелистер стигна до првата победа и има три бода со едно реми, додека АЕК останува на четири бода од првите две кола.
Македонска радост во Грција: Еурофарм Пелистер го надигра и преслуша АЕК
Бабиќ: Горд сум на момците, беше задоволство да се игра во Грција