Димитриевски и Синфин отворија со пораз

Екипата на Синфин стартуваше со пораз во новата сезона од Асобал лигата откако на гостувањето кај тимот на Пуенте Хенил беше забележан резултат од 22:27.

На оваа средба интернационалецот од Македонија имаше добра минутажа.

Неговиот биланс во нападот беше два гола од четири удари. Во одбраната, пак, имаше едно исклучување кое му беше доделено во 49 минута.

Во одложеното коло од Асобал лигата, Синфин требаше да игра против составот на Ла Риоха, а во следното кое е на програмата на 12 септемви ќе и гостува на екипата на Куенка.