В сабота се игра големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кое може да реши многу работи околу шампионот.
Левото крило Тимур Дибиров очекува тежок натпревар, но вели дека кога Вардар игра дома, секогаш оди на победа.
„Овој натпревар нема да го одлучи победникот, затоа што има уште многу да се игра. Одлучува само кој ќе има предност понатаму. Се однесуваме со многу респект кон Еурофарм Пелистер, како и кон сите противници. Ќе биде тежок натпревар, дома како и секогаш очекуваме победа, ќе ја имаме поддршката од нашите фанови. Знаеме дека овој натпревар го чека цела јавност цела сезона, со посветеност и со борба треба да дојдеме до победа и да ги израдуваме нашите фанови“, вели Дибиров.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот.
Стоилов: Работите во Вардар тргнаа во нагорна линија откако дојде Дејвис
„Комити“ упатија апел: Дојдете заедно да навиваме и да го славиме јубилејот