Дејвис: Имаме само план А-победа!

Во сабота, на 26 март, Скопје, поточно спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на македонското дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Натпревар кој може да разреши многу дилеми кога е во прашање шампионската титула во националното првенство. Победа за домаќинот Вардар ќе значи значителна предност во трката за првак на македонската Суперлига, и чекор поблиску до титулата. Пораз или нерешен резултат ќе значи интересно дерби во битолскиот ракометен храм.

Тренерот Давид Дејвис, прв пат како главен тренер ќе се соочи со битолскиот состав. Пред дуелот кој може многу да промени кога во прашање е пол позицијата на табелата, тој е претпазлив бидејќи сите екипи во националното првенство имаа свои амбиции, но целта на сите во Вардар е една и единствена победа на секој натпревар.

„Секако ова ќе биде важен натревар за нас. Сакаме победа и мораме да победиме ако ја сакаме шампионската титула, но има многу натпревари и мораме уште многу да победуваме, за да стигнеме до таму. Што се однесува до натпреварот, очекувам дека ќе биде убав натпревар, сите ќе уживаат. Ние сме големи ривали, тоа ќе го покажеме и мора да биде така, но само на терен!-вели Дејвис.

Вардар и Еурофарм Пелистер веќе двапати се сретнаа во националниот шампионат и еднаш во Супер купот, но според тренерот на „црвено-црните“ тие натпревари ги играле со поинакви екипи и форма.

Првиот натпревар ни беше во септември, а вториот во декември. Но и ние променивме многу во играта исто така и тие. Ги анализирав натпреварите, гигледав но играме многу различно во однос на септември, можеби поблискка ни е играта од декември.Сепак не може да се извлече заклучок, бидејќи сега имаме понаков изглед.“

За саботниот дуел, Дејвис вели дека има само еден план и една желба-победа

Имаме само еден план, план А – а тоа е победа. Мораме да играме 100% и одиме на победа.

 

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во сабота со почеток од 17 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“. Влезот за сите посетители кои ги исполнуваат ковид условите ќе биде бесплатен.

Дибиров: Го респектираме Еурофарм Пелистер, но дома секогаш сакаме победа

Стоилов: Работите во Вардар тргнаа во нагорна линија откако дојде Дејвис

„Комити“ упатија апел: Дојдете заедно да навиваме и да го славиме јубилејот