Деспина како на тренинг во Скопје за нови три бода

Ракометарките на Деспина го одработија последниот натпревар за есенската полусезона и го совладаа тимот на Кузман Вардар со 37:21 и тоа на гостување во Скопје. Ова беше последен дуел и за Кузман Вардар за оваа година, но гостинките се тие кои можат да се пофалат со подобар резултат.

Победникот беше одлучен рано. Кој ќе победи стана јасно псле неколку минути. Деспина поведе со 2:0, а безо имаше и 6:1. Овие пет гола продолжија да ги зголемуваат постојано така што до крајот на првиот дел предноста стана двоцифрена.

На одмор тимот на Деспина замина со 20:9 и овие 11 гола разлика беше најава за успешно продолжение на натпреварот.

Како одминуваше времето така стануваше јасно дека составот на Деспина ќе забележи и поубедлив триумф, а до крајот на средбата разликата се искачи до 16 гола. Конечните 37:21 беа доказ за сработеното на теренот така што  на крајот бодовите заминаа за Прилеп, а Деспина остана високо на табелата.

Деспина има 24 поени и е на 5. позиција, додека составот на Кузман Вардар со само три бода е претпоследен. Сепак, може да дојде до поместување бидејќи последнопласираниот Пелистер има уште три средби до крајот, а има еден бод.

КУЗМАН ВАРДАР – ДЕСПИНА  21:37 (9:20)

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Сања Божиновска и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

КУЗМАН ВАРДАР: Петровска, Ј. Ангеловска 7, В. Ангеловска 3, Додевска 1, Јовевска 4, Стојчевска, Симоновска, Буразер 1, Петковска 3, Јакимовска, Ангеловска 2, Стојановска.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Еленин 1, Боризоска 2, Гулеска 4, Рипилоска 4, Камческа 4, Димоска 2, Цветкоска 5, Спиркоска 2, Ристевска, Димитрова 4, Цаневска 1, Седлоска, Миноска, Конеска 3, Филипоска 6.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АСТИБО00000
2МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ00000
3СКОПЈЕ00000
4СТРУЖАНКА00000
5ЧАИР00000