ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија во Вилнус по втора квалификациска победа

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026. Македонија за втор ривал ја има репрезентацијата на Литванија, која во првото коло беше поразена од Словенија, загуби со 36:25.

Како што е познато, избраниците на Кире Лазаров победнички го стартуваа квалификацискиот циклус триумфирајќи против Естонија со четири гола разлика, 37:33. Иако Македонија е фаворит на денешниот натпревар во Вилнус, сепак, треба да се внимава против балтичката земја и „црвено-жолтите“ треба максимално да влезат и да не го потценат ривалот.

Во групата 1, во која се наоѓа Македонија, денеска во Талин ќе играат Естонија и Словенија. Освен Македонија и Словенија, на втора победа во квалификациите ќе атакуваат уште Србија, Црна Гора, Фарски Острови, Германија, Холандија, Португалија….

Распоред на денешните квалификациски натпревари:
14:00 УКРАИНА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
14:00 ЛЕТОНИЈА – ШПАНИЈА
15:00 ФИНСКА – УНГАРИЈА
15:10 ТУРЦИЈА – ГЕРМАНИЈА
15:00 ГРУЗИЈА – ИСЛАНД
16:00 ШВАЈЦАРИЈА – АСВТРИЈА
16:30 БЕЛГИЈА – ЧЕШКА
17:00 СЛОВАЧКА – ЦРНА ГОРА
17:00 ЕСТОНИЈА – СЛОВЕНИЈА
17:00 ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА
17:15 КОСОВО – ХОЛАНДИЈА
18:00 ИТАЛИЈА – СРБИЈА
18:00 РОМАНИЈА – ПОЛСКА
18:30 ПОРТУГАЛИЈА – ИЗРАЕЛ
19:00 БИХ – ГРЦИЈА

На домашна сцена ќе има два натпревари од групната фаза во Купот на Македонија, по што ќе бидат познати првите два патници на Ф4 турнирот кај дамите. Во Европа свој настап ќе имаат неколку македонски интернационалки.

14:00 ВАЈПЕРС – ЛУДВИГЗБУРГ (ЛШ)
14:00 КРИМ – МЕЦ (ЛШ)
14:30 ЈОНИЈАС – ЈАГОДИНА (ЕВРОПСКИ КУП)
15:00 ГРУДЕ – МИХАЛОВЦЕ (ЕВРОПСКИ КУП)
16:00 ЧСМ – ФЕРЕНЦВАРОШ (ЛШ)
16:00 ОДЕНСЕ – БРЕСТ (ЛШ)
16:00 ЧАИР – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
18:30 СПАРТАК – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)