ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Келце и Веспрем во борба за Келн, се спушта завесата во Женската лига

Откако екипите на Магдебург и ПСЖ први обезбедија настап на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите за оваа сезона, денес ги дознаваме последните два патници.

Возбудлив натпревар се очекува во Келце каде истоимената екипа ќе го пречека унгарскиот гигант Веспрем во реванш дуелот од четвртфиналето во најсилното европско натпреварување.

На првиот дуел, кој беше одигран во Веспрем, двете екипи одиграа без победник, 29:29.

Со почеток од 20:45 часот ќе се сретнат Барселона и ГОГ. Актуелниот европски шампион на гостувањето во Данска забележа убедлива победа од 37:30 и веќе со една нога се наоѓа на Ф4 турнирот во Келн.

Денес ќе се одигра последниот натпревар од Женската лига во Македонија. Дебитантот Скопје и младиот тим на Кузман Вардар со дуел од плеј-аут фазата ќе ја затворат натпреварувачката сезона 2022/23.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 ЛУЦЕРН – БЕРН (ШВАЈЦАРИЈА)

17:30 СКОПЈЕ – КУЗМАН ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

18:00 БЕКАМЕНТ – МЛАДОСТ (СРБИЈА)

18:15 РУНАР – КОЛСТАД (НОРВЕШКА)

18:15 КАДЕТЕН – ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА)

18:30 ФАСАНО – САСАРИ (ИТАЛИЈА)

18:45 КЕЛЦЕ – ВЕСПРЕМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:05 ГУМЕРЗБАХ – БЕРГИШЕР (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ВЕСТФАЛЕН – ХАМБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ЛАЈЦПИГ – ВЕЦЛАР (БУНДЕС ЛИГА)

20:00 ШАМБЕРИ – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ДАНКЕРК – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)

20:45 БАРСЕЛОНА – ГОГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)