Двата битолски тима стартуваат со подготoвки на 9 јануари, првиот ќе оди на турнеја во Србија

Тимот на Еурофарм Пелистер ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната 2022/23 на 9 јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

На прозивката на тренерот Ларс Валтер ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска.

Првата фаза ќе биде реализирана во Битола, а од 26 јануари екипата ќе замине на подготовки во Србија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари.

Еурофарм Пелистер 2 ќе ги започне подготовките за вториот дел на сезоната 2022/23 истиот ден како и првиот тим во спортската сала „Боро Чурлевски“.

На прозивката на тренерот Александар Јовиќ ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска.

Комплетните подготовки екипата ќе ги мине во Битола, а предвидени се неколку контролни натпревари кои дополнително ќе бидат дефинирани и објавени.

Двете екипи обезбедија пласман во разигрувањето за титулата,