„Да бевме мажи, ќе станевме шампиони на Германија“

Одлуката на ракометната федерација на Германија да прогласи шампион во машка конкуренција во Бундес лигата предизвика реакција кај водечката екипа во женското натпреварување.

Претходно првенството за жени беше прекинато со одлука да нема шампион ниту испаѓање и нови екипи во лигата. На ова екипата на Борусија и ракометарките имаа бурна реакција во знак на протест.

Ракометарките почнаа да објавуваат фотографии со вештачка брада со објаснување на сликата. „Да бев маж сега ќе бев шампион на Германија“. Исто така и одговорните во клубот имаа свој коментар на оваа одлука.

„Ако прогласивте шампион во машка конкуренција, но не и во женска тоа значи дека постои разлика во пристапот. Ако е така, тогаш тоа е дискриминација врз жените“, коментираше директорот на клубот Андреас Каерман.