Данците се жалат: Подот во „Малме Арена“ е премногу тврд за ракометни натпревари!

По двете победи над Бахреин и Белгија, данските ракометари упатија низа критики кон домаќинот Шведска.

Данците настапуваат во групата Х чиј домаќин е шведскиот град Малме, а по завршувањето на натпреварот Хансен и колегите не беа задоволни од подот на теренот во Малме арена, за кој сметаат е претврд за одигрување на ракометни натпревари.

Се претпоставува дека тоа е така бидејќи таа арена често е домаќин на натпревари во хокеј.

Мислам дека подот во арената е претврд. Малку е изненадувачки, но тоа е реалноста. Тоа воопшто не е добро за одигрување на ракометни натпревари, бидејќи доскокот и трчањето се доста отежнати во оваа арена. Ден после натпреварот чуствувам болки во грбот и тетивата. Но тоа не е ништо сериозно, се надевам дека брзо ќе помине.

И најдобриот дански ракометар Микел Хансен не беше задоволен од условите за играње во Малме арена.

Како да е малку потешко за играње на ваков под од вообичаеното, но атмосферата на Светското првенство, навивачите на трибините го надополнуваат тој недостаток, изјави Хансен.

И покрај проблемите со подот во Малме Арената, Данците немаа никакви проблеми да слават две победи.