Синоќа доцна навечер по македонско време беа извршени ждрепките на групите за Медитеранските игри.
Женската репрезентација на Македонија се најде во групата Б, заедно со соседот Србија, Португалија и Турција.
Во групата А ќе бидат домаќинот Алжир, како и селекциите на Шпанија, Тунис и Хрватска.
Медитеранските игри започнуваат на 26 јуни, а избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе ги започнат подготовките на 13 јуни.