Женската репрезентација на Македонија, која во Алжир е микс од младинки и кадетки, загуби на вториот пријателски натпревар пред стартот на Медитеранските игри.
Mакедонија е поразена од домаќинот на ова натпреварување во тест натпревар со два гола разлика, 22-20.
Претходно избраничките на Љубомир Савевски загубија и од репрезентацијата на Тунис со 31-20.
Македонија е во групата Б во Оран и ќе игра против селекциите на Србија, Турција и Португалија, а првиот меч е на 30 јуни.