Глобалното ширење на коронавирусот низ светот, допрва ќе го зема својот данок. Голем дел од клубовите веќе најавија дека ќе ги намалат платите, а тоа ќе се случува и во спортското друштво Барселона.
На кошаркарите и ракометарите на Барса им било соопштено дека ќе мораат да се одречат дури од 70% од нивните плати во наредните четири месеци – март, април, мај и јуни.
Шпанските медиуми пишуваат дека доколку тоа биде одбиено, двете секции ќе бидат зтворени!Ваквата одлука ги налути кошаркарите кои најавија дека ќе бараат раскин на договорите.
Во Шпанија, одлуката на раководството на спортското друштво Барселона наиде на големи критики, и се коментира дека таков гигант сигурно не е во толку голема криза, па да трпат кошаркарите и ракометари и дека треба фудбалерите исто така да се одречат од дел од платите.