Екс тренерот на Вардар, Давид Дејвис денеска официјално беше претставен за нов тренер на египетскиот Ал Ахли.
Дејвис и раководството на клубот од Египет потпишаа соработка до 2025 година. Шпанецот ќе го преземе тимот на Ал Ахли по завршувањето на неофицијалното светско клупско првенство, кое моментално се одржува во Саудиска Арабија.
Шпанскиот стратег освен во машкиот и женскиот клуб на Вардар, работеше во унгарскиот Веспрем, а покрај во селекцијата на „фараоните“ беше во стручниот штаб и на Русија.
Лани со Дејвис на клупата, Вардар освои двојна круна, во Суперлигата и во Купот на Македонија, но Шпанецот не ја продолжи соработката откако македонскиот шампион не доби место во Лигата на шампионите.
Давид Дејвис со нов предизвик – ќе го води египетскиот Ал Ахли!