Единствениот натпревар од Лигата на Европа кој беше одигран денеска заврши со победа на домашниот состав, а Спортинг беше подобар од Татран Прешов со 27:21.
Ривалот на Еурофарм Пелистер во Групата А од СЕХА лигата, Татран Прешов никако да ја пронајде формата за европските натпреварувања така што претрпе нов пораз во само неколку дена.
Откако во вторникот Татран загуби на гостувањето на ППД Загреб во СЕХА со 20:25, сега и во Лигата на Европа се случи истото така што момците на Славко Голужа не го прикажуваат она што тој го очекува од нив.
Денеска беа во ситуација да бркаат резултат од почетокот така што долго се мачеа и ја бараа играта која ќе им донесе шанса да освојат бодови. Сепак, не успеаја, па мораа да се помират со пораз од 21:27, па после пет одиграни средби тимот на Татран Прешов и понатаму е без бодови во Групата Б од Лигата на Европа.
Прв стрелец во денешната победа за Спортинг беше Тијаго Роча кој имаше осум гола, додека Педро Валдез имаше седум погодоци. Ракометарот кој од јуни доаѓа во Вардар, Дарко Ѓукиќ трипати погоди во мрежата на гостите. Во Татран Прешов кој патуваше за Лисабон со 12 ракометари, најефикасен беше Павел Кабаљеро со седум гола.