Тимот на Бутел Скопје под водство на Кристијан Грчевски ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во кој бутелци ќе се борат на два фронта, суперлигашкиот плеј-оф и Купот на Македонија.
Нема никакви промени во играчкиот кадар, со кој Бутел одново ќе биде во трка за место во европските купови.
Подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а ќе бидат одиграни и пријателски натпревари пред официјалниот старт на плеј-офот во февруари.
Првиот натпревар Бутел Скопје го игра на домашен терен против еден од кандидатите за шампионската титула, Еурофарм Пелистер.