Екипата на Голден Арт денес ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната, како дел од плеј-аутот, со амбиции за опстанок во Супер лигата и учество во истата и во следната натпреварувачка сезона.
Според претходно изготвен план и програма, екипата подготовките комплетно ќе ги реализира во Скопје, со комбинирани тренинзи во сала, фитнес сала и на отворено.
Покрај тренинзите, со стартот на првенството екипата ќе одигра четири подготвителни натпревари со екипи од Супер лигата.
Ростерот на играчи со кој ќе располага тренерот Никола Матлиески, засега останува непроменет, со исклучок на заминувањето од клубот на Тони Јакиќ, кој својата кариера ќе ја продолжи во грчкиот суперлигаш ЕСН Врилисија Атина.
Голден Арт за опстанок во македонската елита ќе се бори против екипите на Скопје, Куманово, Јуниор КВ, Струга, Прилеп, Радовиш и Вардар Неготино.
Избраниците на Матлиески во плеј-аут фазата ќе пренесат три бода, а првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната ќе го одиграат на гостински терен против Вардар Неготино.