Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Тунис (ЛИНКОВИ)

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар од Президент Купот на Светското првенство 2023.

Денешен ривал на Македонија ќе биде незгодната селекција на Тунис, која во првото коло славеше над Мароко со пет гола разлика, 35:30.

Во групата 2 од Президент Купот, во која се наоѓа и Македонија, денес ќе играат селекциите на Алжир и Мароко.

Натпреварот меѓу Македонија и Тунис ќе започне со почеток од 18:00 часот.

Пренос ќе има на првиот и третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.