Македонската репрезентативка Леонида Гичевска ги започна подготовките за новата сезона со нејзиниот нов тим.
По една сезона мината во Ле Пузен, Гичевска направи трансфер во амбициознот Ле Самбр Авенуа и веќе една недела тренира со новите колешки.
Покрај Гичевска, тимот има уште две нови засилувања – левото крило Жули Сиас и белгиската голманка Ема Антонисен.
Ле Самбр Авенуа ќе одигра седум пријателски средби до стартот на новата сезона и првиот натпревар против составот на Стела Сен Маур на 28 август.