Германците планираат спектакл – 55.000 гледачи на првиот натпревар на ЕП!

Иако допрва треба да се одигра Европското првенство во 2022 година во Унгарија и Словачка, домаќинот на ЕП во 2024, веќе ги прави првите подготовки.

Германија ќе биде домаќин на континенталниот собир во 2024 година, а првенството ќе се игра во Диселдорф, Келн, Берлин, Манхајм, Хановер, Хамбург и Минхен.

Бундес тимот ќе игра во Диселдорф, а веќе е дефинирано дека првиот натпревар ќе се игра на стадионот „Есприт Арена“, на кој е планирано да има 55.000 гледачи!

Досегашниот светски рекорд по посетители е оној од натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Хамбург, кој се одигра на „Комерцбанк Арена“ во Франкфурт и на кој имаше 44.189 гледачи.