По изборениот пласман во четвртфиналето селекторот на германскиот национален тим Алфред Гисласон реши да повика уште еден играч во пресрет на завршницата.
Гисласон досега се потпираше на 16 играчи, а за последните натпревари бројката ја зголемува за уште едно име.
Дополнителен повик доби пикерот Тим Зечел, кој е веќе со тимот во Гдањск. 26-годишниот ракометар е член на бундеслигашот Ерланген и на 4 натпревари во дресот на Германија има постигнато 5 голови.
Пол Друкс, кој го пропушти дуелот со Норвешка (единствен пораз на Германија) поради настинка е со тимот, но неизвесен е неговиот настап.
Четвртфиналето меѓу Германија и олимпискиот првак Франција се игра во Гдањск на 25 јануари (среда) со почеток во 20:30 часот.