Во 2. коло од Женската лига екипата на Гевгелија стигна до првите бодови на гостувањето против Алушовски. Гевгелија триумфираше со 35:33.
Новајлијата во лигата имаше добар почеток на дуелот и имаше почетна предност 6:2. Во продолжение Гевгелија имаше одличен период со серија од 8:0 со што го презема водстството. Сепак на полувреме ракометарките на Алушовски отидоа со предност 16:15.
Почетокот на второто полувреме припадна целосно на гостите кои имаа уште една голема серија, овој пат од 12:0 што беше одлучувачко за победникот на овој натпревар. До крајот на мечот гевгеличанки успешно ја одржаа предността за прва победа во сезоната.
Најефикасна во екипата на Алушовски беше Ана Николовска со 14 голови, а во составот на Гевгелија Драгица Митрова со 10 гола беше најпрецизна.
Алушовски – Гевгелија 32:35 (16:15)
Сала: Форца во Скопје. Гледачи: /. Судии: Ѓорѓи Василевски и Иван Јовановски. Делегат: Љупчо Јаневски.
РК Алушовски: Которчевиќ, Стојковска, Алушовска, Георгиевска, Ангеловска , Петковска, Трајановска, Николовска, Ангелковска, Божиновска, Велигденова, Ристовска, Милошовска, Мемов, Младеновска.
Седмерци: 8/10. Исклучувања: 8 мин.
Гевгелија: Каранфиловска, Басова, Мандалова 1, Попова 5, Пецевска 5, Митревска 7, Танева, Горковска, Попова, Митрова, Петковска 7, Митрова 10.
Седмерци: 3/4. Исклучувања: 12 мин.