Вардар загуби петти пат по ред во Лигата на шампионите, вторпат од ПИК Сегед, кој си замина со полн плен од Скопје со триумфот 27-30.
Тренерот на вардрци, Веселин Вујовиќ беше разочаран од начинот на кој тимот го загуби натпреварот и најави дека ако претседателот Михајло Михајловски смета дека некој друг тренер со овој тим може да направи нешто повеќе, тогаш без проблем би заминал.
„Жал ми е што не одигравме најдобро што можеме, иако можеби резултатот ќе беше ист. Жал ми е од реакцијата на публиката на некои работи. Доколку некои луѓе, претседателот…мислат дека можеби некој друг тренер може да промени нешто, немам никаков проблем да си одам. Вардар беше на работ да згасне, јас дојдов да го спасам. Не бев тука кога имаше многу пари, феноменални играчи, не дојдов да го понижам Вардар, да доживувам вакви порази. Мислите дека не ми е срам кога губиме 1-8. Јас сум роден победник и во таков момент би исчезнал од клупата. Само што јас сум човек кој додека некој ми верува, ќе останам да се борам. Мора да сме реални, пак ќе повторам, можеби првите резултати малку не измамија. Реалност наша е да се бориме за петто или шесто место и така да се пласираме во осминафиналето. Останатите екипи се подобри од нас во овој момент“, вели Вујовиќ.
Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај Кил за седум дена, а претходно останува да се одигра дуелот со Скопје од Суперлигата.
Петти пораз за Вардар во серија, алармот е вклучен на најсилно црвено
Дибиров доби овации од публиката и подароци од клубот за 1.000 гола во ЛШ (ФОТО)
Вујовиќ: И јас сум разочаран исто како навивачите, но борбата не е завршена
Талески: Жално е што не ја израдувавме публиката, но главата горе и одиме напред
Во Пик Сегед презадоволни: Во Скопје се најубавите доживувања, си заминуваме со два златни бода
„Црвено-црниот“ брод закотвен во место, го доби петтиот тежок удар (ФОТОГАЛЕРИЈА)