Левиот бек на ПСЖ и француската репрезентација, Елохим Пранди, ќе го пропушти Европското првенство во Унгарија и Словачка поради тоа што беше нападнат утрото на 1 јануари и беше прободен со нож.
Првичните информации укажуваат дека 23-годишниот лев бек бил избоден со нож на сред улица. „Ле Паризиен“ открива дека нападот се случил околу 8 часот наутро, на новогодишната ноќ, на улицата недалеку од Шанзелизе. Според извештаите на „Л’Eкип“, Пранди бил прободен со нож во градите, во близина на белите дробови и слезината.
Откако бил однесен во болница, веднаш бил префрлен на одделот за интензивна нега, но вечерта бил надвор од животна опасност.
Париското обвинителство потврди дека е отворен случај по обвинението за обид за убиство а со истрагата ќе се занимава француската полиција. Во тек се сослушувањата на сведоците кои се нашле на местото на настанот. Тие, наводно, рекле дека виделе маж како бил нападнат од неколку лица, а тоа значи дека не е само еден напаѓач, туку повеќе. Засега тие не се уапсени, а нивните мотиви остануваат непознати.
Пранди ќе го пропушти настапот на ЕП и се уште не е познато кога ќе се врати на терените.
ХОРОР сцени во Париз: Француски репрезентативец прободен со нож!