ВО МЕЃУВРЕМЕ: Еден бакнеж…и магија се стори – СЕХА „романса“ на Стоилов и Терзиќ (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар и Веспрем во сезоната 2016/2017 одиграа интересен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата, кој заврши нерешено, 30-30. За медиумите и за гледачите многу поинтересен момент беше реакцијата на Стојанче Стоилов и Мирсад Терзиќ. Капитенот на Вардар и дефанзивецот на Веспрем имаа безброј тешки дуели на линијата од шест метри. Стоилов имаше една нервозна реакција по груб старт на Босанецот, но еден бакнеж промени се....