Српскиот шампион Војводина загуби на првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп од шведскиот Алингсас со 25-24.
Тимот од Нови Сад имаше реми на полувреме, 13-13, водеше и со 23-21 во финишот, но попушти и на крај загуби.
Сепак и покрај поразот, тоа е активен резултат пред реваншот во „Слана Бара“ следниот викенд, која ќе може да прими публика по два меча празна сала.
Најдобри стрелци кај Војводина беа Милош Грозданиќ и Борис Пуховски со по шест погодоци, а по три дадоа Милан Милиќ и екс вардарецот Грегор Оцвирк.
Во вториот полуфинален меч меѓу две норвешки екипи, победа оствари бранителот на титулата, Нербо, кој славеше на гости кај Рунар со 29-27.